Македонските таеквондисти Филип Додевски и Анамарија Георгиевска имаа добри настапи, но не успеаја да обезбедат олимписка норма на квалификацискиот турнир што денеска започна во Софија.

Додевски во категоријата до 80 килограми по голема борба загуби од светскиот првак, Италијанецот Алесио Симеоне, со 10:9, додека Георгиевска остана без настап на Олимписките игри во Токио, откако по почетното водство и ја препушти иницијативата на противничката и загуби од Унгарката Фуреди Ребека со 12:7.

Третиот македонски репрезентативец на олимписките квалификации во Софија Дејан Георгиевски својот настап го има утре, а олимписка норма обезбедуваат само финалистите во сите тежински категории.


Администратор
07/05/2021 23:58