Кандидати за нов тренер на Јувентус, во случај актуелниот стратег Андреа Пирло да добие отказ, се Зинедин Зидан и Џенаро Гатузо, јавија денеска италијанските медиуми.

Според „Тутоспорт“, раководството на Јувентус би можело да му врачи отказ на Пирло независно дали под негово водство клубот на крајот од оваа сезона ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, веќе подолго време настојува да го донесе Зидан и се обиде да го ангажира во 2019 година, пред францускиот тренер да седне на клупата на шпанскиот првак Реал Мадрид.

Пречка за евентуален ангажман на Зидан е неговата годишна плата од 12 милиони евра, во услови кога Јувентус настојува да ги намали расходите.

Сериозен кандидат за нов тренер на Јувентус, како што наведува „Тутоспорт“ е и сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, чиј менаџер Жорж Мендеш е во добри односи со раководството на „старата дама“ и тоа би можело да помогне во преговорите.


Администратор
07/05/2021 23:45