Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Битола ќе го промовира проектот Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор, преку кој е набавена цистерна за исправна вода за пиење за потребите на јавното комунално претпријатие Водовод како претпријатие кое опслужува три општини од Пелагонискиот регион Битола, Могила и Новаци.

Проектот финансиски поддржан од Програмата за прекугранична соработка Interreg IPA CBC 2014-2020.

На настанат се предвидени изјави од министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, директорот на Водовод Битола, Горан Козаров и директор на Центар за развој на Пелагониски плански регион, Гого Видимче а ќе биде присутен и грчкиот конзул во Битола, Ахилеас Ракинас.