Поранешниот претседател Бранко Црвенковски уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека се враќа во политиката. На Фејсбук се појави страница која го носи неговото име и на која има негови настапи, изјави и фотографии.Засега не е познато дали е ова негова лична страница или пак има администратор кој му ја уредува.

Истата е креирана во текот на вчерашниот ден, иако на социјалната мрежа фејсбук веќе постои една негова со околу 50.000 фанови. Според неофицијални информации таа страница била уредувана од прес центарот на СДСМ па поранешниот претседател на оваа партија нема пристап до неа.

Минатата недела пак беше промовирана и советничка група во Охрид која ќе учествува на локалните избори а кои важат за негови луѓе. Вакви листи се очекуваат и во другите градови како и во Скопје.

Црвенковски пак останува на ставот да не коментира ништо во однос на тоа дали има намера повторно да се активира на политичката сцена во Македонија.