Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица беше одбележана 118 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење.

За животот и делото на Делчев говореше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

-Визијата на Гоце и македонскиот сон беа прекинати во селото Баница токму на денешен ден, пред еден век, една деценија и осум години, но и по толку многу време, болката предизвикана од големата загуба се уште пече и боли. Така ќе биде и во иднина, затоа што за Делчев никогаш ќе нема заборав. Тој секогаш ќе биде спастрен во најубавото место од меморијата на нашиот народ, а напишаното во таа меморија и понатаму ќе се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација, од татко на син, од дедо на внук, истакна градоначалникот Јаневски.

Цвеќе положија градоначалникот на Струмица заедно со претставници на Советот, претставници на политички партии и здруженија од општината.