Во крајните западни и крајните источни делови од земјава утре ќе има услови за краткотраен дожд. Потоа ќе следува стабилно време со благ пораст на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено кон крајот на денот вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе биде значително облачно и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температура во главниот град денеска ќе достигне 25 степени.


Администратор
04/05/2021 14:23