Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 19 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало 8 приеми. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 117 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни.

Вкупно 473 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 220 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.


Администратор
30/04/2021 13:02