Денеска почнаа да се вакцинираат 86 штитеници од прилепскиот дом за стари лица „Киро Крстески Платник". Мобилниот тим од пунктот при Здравствениот дом ја врши имунизацијата на старите лица во Домот.
Според Мики Крстев, директор на Домот за стари лица денеска со вакцината Астра Зенека се вакцинираат штитениците над 60 години.
– Почна имунизацијата на штитениците во Домот. Од 115, за вакцинација се пријавија 86. Сега се вакцинираат оние над 60 години, а по працниците и другите кои се 10, а се под 60-годишна возраст. Досега успеавме да ги заштитиме станарите во домот, немаме заразено. Имаше еден од штитениците но со лесни симптоми и брзо помина. Со оваа имунизација ќе може поскоро да се вратат во нормалното живеење и побрза ќе биде можноста да имаат средби со членови од фамилиите. Останувата мерките за заштта, но сме задоволни што успеваме да го зачуваме здравјето на штитениците во Домот, изјави Крстев.