Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денеска во Домот на културата во Гевгелија заврши уредувањето на етнолошко галерискиот простор, кој на гевгеличани онлајн ќе почне да им се презентира со видео запис од утре преку Јутуб каналот и официјалната ФБ страница на Домот на културата.
–Снимениот материјал го претставува просторот поделен на два дела, одноно соба од руралните средини и соба од градската средина кои изобилуваат со предмети и алатки од покуќнина кои потекнуваат од крајот на 19 и почетокот на 20 век, велат организаторите на настанот.
За оние што ќе сакаат да го посетат во живо, изложбениот простор кој е сместен во Народниот театар во Гевгелија ќе може да се посети со почитување на проколите и мерките за заштита од Ковид-19, во работните денови по празникот Велигден, во времето од 9 до 14 часот.
Од гевгелискиот Дом на културата изразија голема благодарност до сите кои дадоа придонес во автентичното уредување на етнолошко галерискиот простор.