На двата вакцинални пункта во Струмица досега се вакцинирале над илјада граѓани, а само во изминатите два дена вакцина примиле 205 граѓани од исто толку пријавени, информираат од струмичкиот Здравствен дом.
Вакцинирањето против коронавирусот во Струмица почна на 31 март,а дневно се обезбедуваат по 198 термини.
– Интересот за вакцинирање е огромен и апелираме до граѓаните да закажуваат термини кај своите матични лекари за да постигнеме масовна заштита на населението. Процесот тече непречено и се одвива во најдобар ред со придржување на основните мерки за заштита. Покрај вакцинирањето, кое се одвива во просториите на Службата за спортска медицина, вакцинирани се и шест граѓани во домашни услови заради неподвижност, велат од ЈЗУ „Здравствен дом“-Струмица.
Со вакцинирањето деновиве се опфатени граѓани на возраст од 70 и над 72 години, а досега во Струмица се испорачани 1.270 вакцини.