Општина Илинден ќе ја реализира 15-та по ред јубилејна традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”. Оваа оригинална и единствена од ваков вид манифестација којашто истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата секоја година се одржува на Велик четврток, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, при што секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат добива црвено Велигденско јајце.
Поради вонредната состојба на пандемијата со корона годинава и неможноста од организирање на масовни настани, манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” во која досега се обезбедени 36000 книги, добива сосема нов лик.
Со цел да продолжи традицијата, со особена чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на манифестацијата и со донирање на книги по ваш избор, заедно да придонесеме за збогатување на библиоточниот фонд.
Со голема почит изразуваме благодарност до сите досегашни учесници во манифестацијата кои што со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден, библиотеката на Домот на култура Марино, како и училишните библиотеки, давајќи голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.