Епископот г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир доби на дар архијерејска енколпија со распетието Христово, од семејството Трајковски од Скопје.

– Во пресрет на спасителните страданија на нашиот Господ Исус Христос и на Неговото распетие на Велик петок, нашиот старец и игумен, епископот г. Партениј, доби еден прекрасен пригоден подарок, архијерејска енколпија со изобразба на распетието Христово, информираше отец Кирил.

Тој додава дека овој уникатен дар за владиката е од семејството Трајковски од Скопје.

– Овој уникатен дар на Старецот му го принесоа нашите ценети пријатели Нада со синот Дејан и сопругата Јулиа Трајковски со нивните деца Надица и Мартин од Скопје, во знак на почит и благодарност за севкупната мисија што тој ја врши во духот на Христовото евангелие, посочи отецот.

Енколпијата е изработена во Грција, а се состои од позлатена рамка, украсена со полудраги камчиња и во неа на школка е изобразено Распетието Господово на Голгота.

– Срдечно му благодариме на благочестивото семејство Трајковски за нивната почит и љубов кон нашиот старец и владика. Господ Бог да ги благослови нивните добри дела, вели отец Кирил.

Претходно владиката Партениј доби прекрасна филигранска архијерејска панагија, дар од семејството Каневче од Охрид.

Епископската енколпија е рачно изработена од вредните раце на Митко Укоески, во техниката филигран, а е украсена со преубави македонски рубини. На средина има рачно нацртана икона на Мајката Божја со нејзиниот син, Господ Исус Христос во рацете.