Општина Ново Село почна со поставување на асфалтен слој на локалниот патен правец Зубово-спој со пат Ново Село-Мокриево, со што заначително се скратува патувањето и се овозоможува поврзување на овие три населени места.

Асфалтирањето е дел од проектот што го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општината.

Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 4.709.732,82 денари, од кои 3.991.299,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 718.433,82 од буџетот на Општина Ново Село.