Во Центарот за кулура во Дебар денеска беше отворена самостојна изложба на 29-годишниот уметник Армонд Сулемани, кој е роден во Шведска, а жвее во Дебар. Претставени се 20 слики масло на платно, со различни мотиви – мртва природа, пејзажи, мотиви од Дебар, портрети.

Изложбата ја отвори Зинче Мимидиноски, директор на Центарот за култура- Дебар, кој искажа адоволството што Центарот се грижи во откривањето млади талентирани уметници, овозможувајќи им да имаат прва самостојна изложба.

-Чест и задоволство ми е да ја отворам првата самостојна изложба на нашиот млад и многу талентиран сограѓанин Армонд Сулејмани. Како место на сите културни збиднувања во градот и пошироко, нашата установа, која годнава одблежува половина век постоење, посебно внимание посветува на афирмација на младите таленти од помалите етнички заедници, а така и ќе продолжи, рече меѓу другото Мимидиноски.

Претседателот на друштвото „Месечна“ Илми Куртиши во име на припадниците на ромската етничка заедница, се заблагодари на Центарот за култура и неговиот директор за вниманието кон младите Роми.

-Тие кога доаѓаат тука се чувствуваат како да се дома, зашто ја маат поддршката за презентирање и надградувањето на нивните афинитети, изјави Куртиши.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и може да се посети до 30 април. Отворањето се одржа со почитување на здравствените протоколи за заштита од Ковид-19.