Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола приреди изложба на најчитаните книги во изминатите години во Битолската библиотека.
Станува збор за најчитаните 100 книги од исто толку автори кои предизвикале најголемо внимание кај читателите, членови на библиотеката.
Според тимот истражувачи и организатори на изложбата, во изминатите години меѓудругите најчитани биле книгата на Петре М. Андреевски „Последните селани“, книгата „Свадбата на Мара“ од Владимир Костов, потоа „Вештица“ на Венко Андоновски, како и книги на македонски и албански јазик кои ги напишал Луан Старова.
На изложбата во битолската библиотека поместени се и книги од автори популарни и читани во деведесетите години на минатиот век, но и денес како што се Иван Андриќ со „Травничка хроника“, Момо Капор автор на книгата „Фолиранти“, а во редот на најчитани автори посочени се и Херман Хесе со „Степски волк“, Емили Бронте со „Оркански височини“, потоа книгата „Втора шанса“ на Даниела Стил, книгата „Странец во огледало“ на Синди Шелдон и други светски познати автори.