Македонско-грчки тимови денеска и утре одржуваат меѓународна конференција на тема „Туризам и култура“.

За учесниците на конференцијата, Општина Битола го промовира проектот „Кинокултура“ низ кој локалната самоуправа набави кино опрема за кино „Манаки“, изработи виртуелна презентација на Стариот театар и 3Д модели на значајни градби од Старата чаршија.

-Овој проект ги зајакнува нашите меѓусебни врски и пријателството со грчкиот народ. Се надевам дека набрзо ќе ја надминеме кризата со пандемијата, да се видиме во подобри услови, затоа што можеби ова техничко поврзување е добро за овие услови, но секогаш е подобро кога за тоа постојат можности да се видиме и да разговараме во живо., рече меѓудругото градоначалничката Наташа Петровска.

На онлајн конференцијата се обратија и градоначалникот на Воден, Јанис Димитриос, како и ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“во Битола, Сашо Коруновски.

Проектот се реализира во рамките на Интеррег ИПА – Програма за прекугранична соработка меѓу двете земји