Општинската организација на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста. Со цел да се обезбеди помош за најранливата категории граѓани, од Црвен крст се реализираат повеќе хуманитарни акции.

– Црвениот крст од Делчево во рамки на традиционалната Недела на солидарност организира хуманитарна акција под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“. Акцијата има за цел да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди помош за ранливите категории граѓани, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Како дел од овие активности во текот на денешниот ден на отворени пунктови се собираа хигиенски, прехранбени и парични средства.

– Денеска имаме отворено два пункта за собирање прехранбени, хигиенски и парични средства. Апелираме до граѓаните во рамки на своите можности да се вклучат со свои донации кои ќе им помогнат на семејствата од социјален ризик, посочија од Црвен крст Делчево.

Во наредниот период, како што дополнија, помош ќе се обезбедува од правни субјекти и граѓани кои во просториите на Црвен крст можат да донираат директна помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена и дезинфекција, како и со свои производи и парични средства.