Меѓународната мировна конференција за Авганистан, закажана за подоцна оваа недела, е одложена. Ова се случи откако талибанците не се согласија со разговорите, објави „Хил“.

Конференцијата требаше да почне во Истанбул в сабота и да трае до 4 мај, но Турција, Катар и ОН, кои планираа да посредуваат во дискусиите меѓу авганистанската Влада и талибанците, наведоа дека условите не се соодветни за да се постигне напредок во разговорите.

Преговорите имаа за цел да ги поддржат разговорите кои почнаа во Доха минатиот септември за да се постигне праведен и траен мир во Авганистан, нагласија трите земји во заедничката изјава.

Со оглед на последните случувања и по консултации со државите било договорено да се одложи конференцијата за друг датум кога условите за постигнување напредок би биле поволни, нагласија тие.

– Турција, Катар и ОН ќе продолжат да прават сериозни напори за постигнување мир во Авганистан, се додава во заедничката изјава.


Администратор
21/04/2021 22:48