Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес објави конкурс насловен „Зелена идеја“ на кој може да учествуаат сите граѓани без разлика на возраста. Како што информира за МИА, Сашка Коцевска потпретседател на ЕД „Вила Зора“ целта е граѓаните да се мотивираат еколошки да размислуваат, да даваат свои иницијативи, идеи и предлози за еколошки активности и акции.
– Целта за објавување на овој конкурс е граѓаните да ги изнесат еколошките проблеми во градот и неговата околина и да понудат своја идеја за нивно решавање. Воедно на крај и самите со наша заедничка поддршка да се вклучат во негово решавање, потенцира Коцевска.
Воедно информира дека за најдобрите три еко идеи ќе следува и парична награда или можност за учество во нивна реализација.
Граѓаните своите еколошки идеи и нивната реализација во напишан текст, не подолг од една страна треба да ги испрата на е-маил vilazora@vilazora.org.mk.