Австралиецот Алекс Вајт пронашол жива отровна змија во зелена салата купена во супермаркет во Сиднеј. Тој всушност, мислел дека станува збор за црв, сè додека не го видел јазикот на малата змија.

– Се избезумив кога го видов тој мал јазик и почна да се движи, па сфатив дека тоа е змија бидејќи црвите немаат јазик, рече Вајт.

Станува збор за отровна змија од ендемичните видови во Австралија… Синџирот продавници „Алди“ во којшто е купена салатата, истражува како се случил несаканиот настан.

Змијата ќе биде вратена во Квинсленд следната недела, според законите што налагаат единката да се врати во своето природно живеалиште.


Администратор
16/04/2021 12:58