Денес починаа 46 лица, но тоа не ги засега прво повиканите, Филипче и Заев. Тие наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори. Не може тоа никако да се окрактеризира освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ.

Нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе тие си возат мотори. Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени.

Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните.

Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои.

Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии.

Вакво дно Македонија нема доживеано до сега. Мафија владее со државата.


Администратор
12/04/2021 00:14