Јавниот долг е во рамки на проекциите. Тоа што беше предвидено во Буџетот до крајот на 2021 година да биде 63,4 отсто, државниот долг 53, 2 отсто, а заклучно со крај на февруари државниот долг е 48,3 отсто, а јавниот долг е 56,7 отсто, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека во текот на годината со оглед на ликвидноста за тоа што се задолживме со еврообврзницата ќе се одрази во вториот квартал со повисока стапка, но тоа е времено само заради отплата на старото задолжување, отплата на 500 милиони евра обврзница од 2014 година.

Тоа, уште од сега најавувам дека ќе има еден сметководствен ефект во вториот квартал, но сепак во рамките на годината ќе остане на нивото на тоа што е предвидено во Буџетот за 2021 година.

Повтори дека имаме среднорочен план за фискална консолидација и во однос на јавниот долг, државниот долг поконкретно и во однос на дефицитот на Буџетот.

-Во рамките како што го планиравме јавниот долг, односно државниот долг – задолжувањето на нето основа од 560 милиони оваа година е 280 нето на надворешен пазар и остатокот на домашен пазар. Со тоа ние помагаме да носиме дополнителни финансиски средства од странските пазари, странски капитал – девизи во нашата економија што значи дополнително е финансиска инјекција за нашата економија. И од тој аспект ние сметаме дека целосно ќе се оствари тоа што е предвидено, барем во овој период – првиот квартал тоа ни го покажува, појасни минисерот за финансии.

Дополните во тој контекст на финансиите дека исклучително беше важна и координацијата на фискалната и монетарната политика. – Како на светско ниво и кај нас имаше голема фискална експанзија, а во исто време адекватна монетарна политика, што помагаше да се релаксираат финансиите во нашата економија, а притоа во ниту еден момент да не се загрози финансиската стабилност во економијата, рече Бесими.

Според него во оваа фаза тоа што е важно, а е и една од главните теми на пролетните состаноци со Светска банка и ММФ е макроекономската стабилност, стабилноста во финансиите и потенцијалите за развој и заздравување на економијата во овој период на пандемија, а и долгорочни стратегии за раст на економијата.


Администратор
08/04/2021 16:28