Кремљ денеска соопшти дека Русија ќе ги задржи своите воени сили во близина на границата со Украина се додека не биде безбедна и оти тие не претставуваат надворешна закана.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија има распоредено војска на своја територија. Тој додаде дека руските трупи ќе бидат стационирани на тие места „се додека … военото раководство и врховниот командант (Владимир Путин) оценат дека е потребно“.

Песков додаде дека нема информации за „плановите за распоредување и прераспределување“ на војската и затоа не може да одговори кога треба да се очекува од руските сили да се вратат на своите места на трајно распоредување од областите во близина на границата меѓу Русија и Украина.

Претходно, германската Влада изрази загриженост поради ситуацијата во Источна Украина и наводното движење на руските трупи во близина на украинската граница.

– КАКО ШТО ЗНАЕТЕ, ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, НАТО, ЕУ И МНОГУ ПАРТНЕРИ ИЗРАЗИЈА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА ЗГОЛЕМЕНОТО РУСКОТО ВОЕНО ПРИСУСТВО. ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ЈА СПОДЕЛУВА ОВАА ЗАГРИЖЕНОСТ И ЈА ИЗВЕСТИ МОСКВА ЗА ТОА. НИЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНО ЈА СЛЕДИМЕ СИТУАЦИЈАТА, А ОСОБЕНО ДВИЖЕЊЕТО НА РУСКИТЕ ТРУПИ И ГИ ПОВИКУВАМЕ СТРАНИТЕ ДА СЕ ВОЗДРЖАТ. ГЕРМАНИЈА, КАКО И НЕЈЗИНИТЕ ПАРТНЕРИ ВО НАТО, ГИ ПОДДРЖУВААТ СУВЕРЕНИТЕТОТ И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА УКРАИНА, ИЗЈАВИ ПОРТПАРОЛКАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА УЛРИКЕ ДЕМЕР.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашниот телефонски разговор со генералниот секретар на Алијанската, Јенс Столтенберг побара НАТО да го забрза процесот за членство на Украина, со цел да испрати „вистински сигнал“ до Русија.

– НАТО Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО ДОНБАС, НАПИША ВЧЕРА ЗЕЛЕНСКИ НА ТВИТЕР ПО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР СО СТОЛТЕНБЕРГ, НАГЛАСУВАЈЌИ ДЕКА „АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ЧЛЕНСТВО ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИОТ СИГНАЛ НА РУСИЈА“.


Администратор
07/04/2021 23:45