Петтите по ред Европски универзитетски игри нема да се одржат ова лето во Белград како што беше планирано, соопшти денеска Европската универзитетска спортска асоцијација (EUSA).

-И покрај напорната работа од страна на EUSA, локалниот организациски одбор на Игрите, како и сите останатите партнери, по долги и темелни анализи заклучивме дека состојбата со коронавирус не дозволува оваа спортска манифестација да се одржи во Србија според планираното од 14 до 27 јули“, соопшти EUSA.

Организаторите најавија дека Игрите евентуално би можеле да се одржат подоцна во текот на оваа година доколку тоа го дозволи состојбата со коронавирусот.

Игрите првично требаше да се одржат минатото лето, но беа одложени поради пандемијата на Ковид-19.