Локалните улици во Куманово се проодни и чисти, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Интервенирано е во првата и втората зона од градот.
– Вчера интервениравме со машини со нож, на одредени места фрлавме сол, особено на крстосници и нагорнини. И денеска продолжуваме на одредени локации, изјави овластениот раководител на одделението, Момчило Петрушевски.
Екипите на „Чистота и Зеленило“, веќе се на терен и ги расчистуваат тротоарите за непречено движење на пешаците.
Претходно, надлежните од одделнието за јавни набавки информираа дека општина Куманово одвои осум милиони 645 илјади денари за зимско одржување на улиците. Сепак, за разлика од претходните, годинава општината ќе ги плаќа средствата за завршена услуга
Непроодни се земјените патишта кои водат кон високите планински села, поради интензивните врнежите од снег и висината на снежната покривка која во којзачијата во Старо Нагоричане и во Липково изнесува од 35 до 50 сантиметри, информираа надлежните од РЦУК Куманово. Оттаму велат дека општините најавиле дека ќе преземат чекори, ќе ангажираат механизација за вакви земјени патишта за расчистување на наносите.