Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, го наведува финансискиот аспект како клучна причина за воведување на спринтерските трки во 2021 година.

Оваа сезона се очекува да се одржат три трки во сабота, кои ќе го дефинираат почетниот распоред на Гран при.

– Како и да е, најбрзите автомобили ќе бидат напред, така што ситуацијата нема да се промени многу. Од моја гледна точка, не е важно колку трки ќе се изведат за време на викендот, но многу ми се допаѓа кога има само една голема трка. Ако создадете автомобили полесни за бркање и престигнување, тогаш такви работи нема да бидат потребни, изјави Верстапен.

Иако, мислам дека прашањето не е само за подобрување на трките. Тие само сакаат да има повеќе настани за време на викендот. Сега петокот и саботата пред квалификациите се малку здодевни. Значи, Ф-1 сака да привлече повеќе луѓе на трибините и да заработи повеќе пари, тоа е сè. И можам да го разберам тоа, додаде Верстапен.

Новата сезона во Светскиот шампионат во Формула 1 ќе почне претстојниот викенд во Бахреин.


Администратор
22/03/2021 12:18