Центарот за граѓански комуникации организира онлајн настан на тема „Претставување на предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и унапредување на начинот на нивно спроведување“.

На настанот ќе бидат претставени предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и ќе се дискутира за начините за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки, ставајќи акцент на јавните претпријатија и акционерски друштва основани од Владата и единиците на локалната самоуправа.

Најавено е обраќање на амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, како и претставниците на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ и Герман Филков.