Во општина Богданци денеска ќе биде промовирана новата инвестиција ветерн парк.

Инвестицијата во ветерна електрана од 30 мегавати на подрачјето на општина Богданци е со вредност од над 40 милиони евра.

На промоцијата на инвестицијата, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов и директор на компанијата „Интеренерго“ д.о.о, Љубљана, Блаж Штерк.