На Премиер лига што се одржа минатиот викенд во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца Боби Војдиновски е избран од страна на WKF во финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои 15 ќе судат на Олимписките игри во Токио.

Војдиновски е долгогодишен носител на WKF светската лиценца и има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, европските игри и Премиер лиги и евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера, инфоримраат од КФМ.

Ова е уште едно големо признсние на Карате федерацијата на Македонија, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер лигата во Истанбул.


Администратор
16/03/2021 15:39