Во тетовската полиција вчера се пријавени две каснувања од кучиња скитници на една улица, при што настрадале 56-годишна жена и маж на возраст од 39 години.
– Вчера во 10 часот и 10 минути, 56-годишната тетовчанка В.Т. во СВР Тетово пријавила дека на улица „29 Ноември" била касната од куче скитник, информираат од СВР Тетово.
Другиот случај е пријавен во 11 часот, од А.А. (39), од тетовска Шипковица, кој, исто така рекол дека на улица „29 Ноември" бил каснат од куче-скитник.