Симболичното издание на Струмичкиот карневал продолжува вечер со изложба на карикатури и афоризми од 22. Меѓународен фестивал на тема карневал и еротика.
Како што веќе соопшти жирито на овој фестивал, златни плакети за најдобра карикатура и афоризам добија македонскиот карикатурист Миро Ѓеоргиевски и афористичарката Нада Караџиќ од Србија.
Сребрена плакета за карикатура доби Луис Нол од Австралија, а бронзена плакета Горан Ќеличанин од Србија. Награда од Струмичкиот карневал доби Миле Манчевски од Северна Македонија, а дипломи им се доделени на четворица карикатуристи.
Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели Александар Чотриќ (Србија), а бронзена плакета Владислав Влаховиќ од Црна Гора. Награда од Струмичкиот карневал ја доби македонскиот афористичар Васил Толевски, а дипломи добија пет афористичари.
Ковид-одбележувањето на Струмичкиот карневал завршува утре со традиционалниот Тримерски ручек.