Во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово започна процес на целосна реконструкција на сите затворени простории. Се предвидува менување на сите врати и прозорци и обнова на ѕидовите со малтерисување и бојадисување.
-Во централниот објект ќе има темелна реконструкција на сите наставни места. Како Општина Тетово заедно со гимназијата ќе продлжиме со овие активности во однос на реконструкцијата и одржување на стандарди за упис, кои ни овозможиле оваа гимназија да биде една од најуспешните во државата, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Во процесот за реконструкција веќе е завршено уредување на салата за состаноци на наставниците, како и дворот-паркингот на училиштето. Реконструкцијата чини 9 милиони денари.