Распишани се тендерите за реконструкција и изградба на неколку локални патишта во Македонска Каменица. Од општината информираат дека по нивно реализирање, ќе се гради дел од патот до село Цера вклучувајки ги Крапевска и Стипцарска маала и локалниот пат во село Тодоровци, до Албанска маала.
– Реконструкцијата на постојниот асфалтен пат до село Цера опфаќа должина од 2.409 метри, додека изградбата на новопланираниот асфалтен пат во село Тодоровци е со должина од 1.500 метри, информираа од општината.
Најавената градежната офанзива во Македонска Каменица продолжува со реализација на веќе започнатите проекти и со отпочнување на нови во скоро сите населени места.
– Продолжуваме посветено да работиме на подобрувањето на условите за живот и подобрена мобилност на населението до сите населени места, додадоа од Општината.
Двата локални правци се дел од проектот „Македонија без кал”, проект кој го спроведува Министерството за транспорт и врски во соработка со Светска банка и повеќе општини во државата.