Германецот Томас Бах повторно е избран за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), на чие чело е од 2013 година со мандат од четири години.

Олимписки првак во мечување од Игрите во Монтреал во 1976 година и адвокат по професија, Бах беше единствен кандидат, добивајќи поддршка од 93 членови на МОК на видео-конференциско гласање. Еден член на МОК беше против неговиот избор, додека четворица други не присуствуваа на гласањето.

Бах по изборот повтори дека Олимписките игри во Токио ова лето ќе бидат „безбедни“ и покрај пандемијата на коронавирус и строгите здравствени мерки.

-Токио и натаму е најдобриот град домаќин во олимписката историја и, засега, немаме причина да се сомневаме дека свеченото отворање ќе се одржи на 23 јули, изјави Бах.


Администратор
10/03/2021 22:08