За уредувањето на Дојранското крајбрежје,подобрувањето на квалитетот на водата и уредувањето на плажите,владата одобри средства во износ од 70 милиони денари.

За два дена истекува рокот за пријавување на тендерот за ангажирање фирма која наредните три месеци,до стартот на летната сезона ќе има обврска да уреди нови плажи и да исчисти крајбрежна површина од околу 150.000 метри квадратни,потврди дојранкиот градоначалник Анго Ангов.

-Испланиравме до почетокот на туристичката сезона да имаме доволно време за реализација на планираните активности кои ќе ги преземеме пред се да го подобриме квалитетот на водата во езерото,да го преуредиме крајбрежјето и плажите од нивната почетна точка до 100 метри во внатрешноста на езерото,истакна Ангов.

На таа површина,посочи Ангов,предвидено е да се чисти езерското дно од тиња,суви дрвја и трева па да се попесочи,а на околу 500 метри квадратни,поточно каде што е дозволено,ќе се отстранува и езерската трска.

За уредувањето на Дојранското крајбрежје,подобрувањето на квалитетот на водата и уредувањето на плажите,владата одобри средства во износ од 70 милиони денари.