Градежните активности за изградба на нов градски плоштад и парк во центарот на Општина Крива Паланка се одвиваат со засилено темпо, а од локалната самоуправа информираат дека по паузата во периодот на екстремно ниските температури, временските услови овозможуваат непречена реализација на зацртаните планови за градба на повеќе локации.
-Со почеток на градежната сезона, градежнite активности во општина Крива Паланка и во време на пандемија продолжуват со засилен интензитет. Поволните временски услови овозможуваат работите да течат со задоволително темпо. Во моментот на територија на општина Крива Паланка освен градскиот парк и плоштад, што се реконструираат како дел од проектот „Крива Паланка-Источна порта на Европа ( Фестивалска туристичка атракција)”, за што е обезбеден грант во висина од околу 600.000 евра, се работи и на изградбата на дел од регулацијата на речното корито на Крива Река, од потегот на големиот мост кон населбата Бегови бавчи, се градат канализациски системи во населбите Крстата Падина и Мизовски Ливади, а се одвиваат и активности за изградба на потпорни стени на неколку локации. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика за посветено градење на нашата општина по европски пример, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Мицевски изврши и увид на активностите на терен, заедно со директорот на ЈП Комуналец и раководителите на надлежните одделенија на локално ниво.
– Тековно се работи и на уредување мини-детски парк во населба Скрљава, се вршат подготвителни активности за изградба на крак на канализација на локалитет Цонев Рид, санација на определени инсталации на улицата „Ристена Гогова” и санација на клучка на Домачки Дол со велосипедска патека. Капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво се предуслов за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за развој општината, дополни Мицевски.