Претседателот на пописната комисија за двете општини, Соња Китанова на денешната прес-конференција информираше дека тестирањето на кандидатите ќе се изврши на 11 и 12 март во термините 10, 12 и 14 часот. Списоците кој кандидат во одредн термин треба да се јави на тестирање се веќе објавени на огласните табли на општините Штип и Карбинци, а денеска ќе бидат објавени и на веб страницата на Општина Штип и ќе бидат залепени и на влезната врата на спортската сала на гимназијата „Славчо Стојменски".

– Затоа што тестирањето во овие термини на 11 и 12 март во 10, 12 и 14 часот ќе се одржат во спортската сала на гимназијата „Славчо Стојменски". Ги замолуваме сите кандидати што се пријавени на јавниот конкурс задолжително со себе да понесат маска К Н 95, без таква маска нема да и биде дозволено да се тестираат, вели Китанова.

Таа апелира доколку некој од кандидатите е со симптоми на коронавирусот или имаат дома болни и заразени членови на семејството да не доаѓаат на тестирање, со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани. Посочува дека на влезот ќе се мери телесната температуира на кандидатите, доколку на некој од нив му е повисока од 37,2 целзусеви нема да им биде дозволено да влезат на тестирање.

Китанова вели дека на јавниот конкурс се пријавиле двојно повеќе кандидати за реонски попишувачи и инструктури. За пописниот реон Штип и Карбинци потребни се 129 попишувачи и 13 инструктори. Според протоколите 10 отсто од кандидатите кои нема да бидат избрани за попишувачи ќе бидат ставени на листата на резервни попишувачи, кои ќе се активираат доколку некој од попишувачите се зарази или е болен некој член од неговото блиско семејство.