Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 60 возачи, 23 санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за управување под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, пет возачи се санкционирани за минување на затворен сигнал(црвено светло) и 16 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
08/03/2021 11:11