Откако претходниот викенд прв пат во Осломејско езеро беа пуштени 65 крупни примероци амур, со вкупна тежна од 285 килограми, вчера во оваа акумулација се пуштени и 15 примероци јесетра.

-Осломејско езеро од вчера е побогато за 15 крупни примероци јесетра со тежна од 6-9 килограми. Ова е втор вид крупна риба што за неполна седмица е пуштена во оваа акумулација. Јесетрата ја има од повеќе видови, а живее на три континети Европа, Азија и Северна Америја. Таа и припаѓа на групата риби кои речиси не го промениле својот изглед од почетокот на нивното постоење, информираат од Спортско-риболовното друштво.

Оттаму додаваат дека се работи за риба која може да достигне и повеќе стотини килограми, а некои видови се познати и по првокласниот кавијар кој се добива од нив.


Администратор
07/03/2021 17:03