Поради пандемијата со ковид 19 и годинава кичевските пензионери нема да можат да користат бањско-климаска рекреација. Од тие причини и претходната година пензионерите не ја искористија поволноста на Министерството за труд и социјална политика, седум дена да престојуваат во едно од македонските бањски лечилишта.
-Откако девет години по ред нашите пензионери ја користеа можноста беспатно, седум дена, да престојуваат во една од македонски бањи, поради падемијата со ковид-19 и, годинава како и лани, нема да ја искористат оваа поволност, иако минатата година првата група наши пензионери требаше да заминат во Дебарски Бањи во март, но појавата на коронавирусот ги стопира сите активности на овој план. Затоа годинава немаше пријавување за користење на оваа услуга и се до нормализација на состојбите нема да има бесплатен престој на бања, рече Ристо Попоски од ПО на ПИОМ =-Кичево.
Тој потсети дека кај пензионерите од Кичево имало голем интерес за престој на бања и во изминатите години повеќе стотини кичевски пензионери ја искористиле оваа услуга и по седум дена престојувале во Дебарски Бањи.
Ако состојбите се нормализизираат, први на списокот ќе бидат пензионерите од првата група вкупно 40, кои минатата година беа на списокот за престој на бања, додаде Попоски.