Oдбојкарот Владо Милев од ОК „Џио Струмица“ и член на македонската репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за 2020 година. Второто место и припадна на фудбалерката Сара Велкова од ЖФК „Тиверија“, а третото на Ѓорѓи Стоилов од ФК „Академија Пандев“.

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Џио Струмица е прогласен за најдобра екипа, а нејзиниот кормилар, Кирил Ричлиев за најдобар тренер.

На традиционалната манифестација „Избор на спортист“, која се одржа синоќа, во организација на Советот на Општина Струмица и под покровителство на градоначалникот, Коста Јаневски, беа додени признанија и на најуспешните спортисти и екипи од младински категории и индивидуални спортови.


Администратор
27/02/2021 12:11