На 25.02.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Центар, Ќ.И.(41), од с.Ларце, тетовско, пријавил дека било измамен од Б.В. од Скопје.
Според пријавеното, Б.В. се претставила дека е вработена во државна установа и дека може да заврши работа за да добие два социјални стана во Скопје и затоа во неколку наврати ѝ дал пари.
Откако дознал дека е измамен, Ќ.И. го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.