Министерството за животна средина и просторно плaнирање информира дека е oбјавена постапка за доделување на договор за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за изградба на фекална канализација во населено место Теарце, општина Теарце.

Проценетета вредност на проектот изнесува 100 308 000,00 денари и истите се обезбедени од Буџетот на МЖСПП за 2021-2023 година.

– Во буџетот на Министерството, за 2021 година се обезбедени финансиски средства за капитални инвестиции и за општините Гостивар, Боговиње, Тетово, Дојран и Делчево. За општина Дојран во тек е подготовката на објава на оглас, а за другите општини постапките ќе бидат објавени откако општините ќе ја достават комплетната документација, информираа од МЖСПП.


Администратор
26/02/2021 15:36