Во првата фаза за вакцинирање на здравствените работници, опфатени се и 30 од штипската Клиничка болница. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека лекари, медицински сестри, техничари и болничари, кои имаат директен контакт со пациентите во Ковид центарот веќе ја имаат примено првата доза од вакцината. Голем дел од здравствените работници го имаат прележано вирусот во текот на минатата година.
-Пријавени се 126 здравствени работници за вакцинирање против коронавирусот. По завршување на првата фаза, останатите здравствени работници од други одделенија ќе бидат опфатени со имунизацијата, вели Ѓеорѓијев.
Тој додаде дека во моментов тече и тендерот за поставување на централниот довод за кислород во новата модуларна болница. Очекува понудите од фирмите да се отворат наредната недела. На инфектиовното одделение во Штип денеска се лекуваат 34 пациенти од целиот источен регион.