Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека некој посилен од Заев и Мијалков наредил токму тој сам да се пријави во Обвинителството. За Села ова е скандалозен чин, а Мијалков контроверзна личност.

„Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата“, обвини вечерва Села во „Click Plus“ на ТВ21.

Додава дека е повеќе од очигледно дека избегал, но се вратил согласно некаков договор.

„Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и по веројатно некаков договор се врати“, изјави лидерот на АА – Зијадин Села.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак брифираа медиуми дека Мијалков излегол од Македонија и се криел во куќа во Белград чија локација нашата полиција не можела да ја лоцира. И според нив преговорите со власта за тој да се врати во Скопје започнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз премиерот Зоран Заев и му поставила ултиматум да го пронајде и да го врати бегалецот најдоцна до четврток.

– Од многу силен меѓународен фактор Заев добил ултиматум да го пронајде Мијалков до четврток. Токму затоа биле караниците помеѓу премиерот и министерот, за кои објавија дел од медиумите во понеделникот. Наводно, Заев успеал да исконтактира со Мијалков и да му се закани дека ќе му ги уништи компаниите и дека ќе му ги затвори децата, товарејќи ги дека му помогнале на својот татко да избега од државата. Тогаш Мијалков донел одлука веднаш да се врати во Скопје – брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека причината за бегството на Мијалков била казната од 13 години што обвинителите веќе ја побарале за предметот „Таргет-Тврдина“, додека, пак, договорот помеѓу Мијалков и Заев наводно бил казната да изнесува 5 години, по што би следувале жалби, па одлука на Апелација за повторно враќање на предметот во Кривичниот суд.


Администратор
25/02/2021 01:14