Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 43959, активни 3153
Куманово 5496, активни 222
Тетово 5395, активни 259
Прилеп 5232, активни 551
Гостивар 3755, активни 132
Штип 3633, активни 118
Битола 3392, активни 156
Велес 3398, активни 235
Охрид 3187, активни 434
Кавадарци 3213, активни 508
Струмица 2674, активни 151
Струга 2378, активни 175
Кочани 1804, активни 62
Кичево 1761, активни 60
Гевгелија 1164, активни 151
Неготино 1154, активни 152
Свети Николе 1105, активни 24
Ресен 803, активни 71
Крива Паланка 807, активни 67
Дебар 788, активни 43
Радовиш 744, активни 31
Делчево 730, активни 190
Берово 639, активни 28
Пробиштип 536, активни 23
Виница 515, активни 22
Валандово 356, активни 23
Кратово 272, активни 36
Демир Хисар 260, активни 10
Крушево 265, активни 60
Македонски Брод 252, активни 7
Богданци 255, активни 29
Демир Капија 238, активни 28
Македонска Каменица 193, активни 4
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 5
Инаку, за потсетување, во драматичните прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче и тогашниот технички премиер Оливер Спасовски, кога велеа дека ја имаат контролата на ситуацијата, тие предвидуваа дека во Македонија ќе има помеѓу 2.000 и 2.500 заболени.
МАНУ пак отиде до таму и во своите прогнози велеше дека во Македонија ќе заболат околу 1.000 граѓани од овој вирус.
Денес, по скоро една година од првиот случај на Ковид-19 регистриран во нашата земја (28.02.2020) во Македонија се регистрирани скоро 50 пати повеќе случаи од прогнозите на Филипче и 100 пати повеќе од прогнозите на МАНУ.