Објавени се номининациите за престижната спортска награда „Лауреус“ за 2020 година.
Номинирани за наградата во категоријата спортист на 2020 година се: – фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски, – светскиот рекет број два, Рафаел Надал, – кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс – шампионот во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон – атлетичарот и светски рекордер во скок со стап, Арман Дуплантис – тркачот од Уганда и светски рекордер на далечина од 10 000 метри, Џошуа Кипруи Чептегеј.
Минатата година наградата ја поделија Хамилтон и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.
Наградата „Лауреус“ често ја споредуваат со наградата „Оскар“. Таа се доделува во неколку категории.