Вработени во душевната болница во Демир Хисар денеска излегоа на протест, бидејќи два месеца работат на црно и од менаџментот на болницата постојано им ветуваат дека овој проблем ќе се реши, па дури и дека ќе добијат решенија за траен работен однос. Но разбраа дека нема да имаат позитивен фидбек, па се одлучија да го кренат гласот.

– Работиме и со психички заболени луѓе, работиме и со пет-шестнаесет заболени од ковид, значи потребни се- болничари, хигиеничари, бербери и фризери. Значи, пациентите се крајно незадоволни, а ние уште повеќе- рече Ната Велевска.

- Без нив болницата секако не може да функционира, нема кој да ги чисти одделенијата. Моето геријатриско одделение со 30 пациенти од кои 20 се во постела, трба да се исчисти па да влезе персоналот да ги изврши своите задачи- рече болничарот Јордан Станковски, претседател на независниот синдикат на болницата.

Подготвени се да одат и пред Владата. Од Министерството за здравство велат дека сите формалности кај нив се завршени и сега процедурите треба да се финализираат во ресорот финансии.

Новоизбраниот директор кој што туку седна на директорската фотелја и кој постојано им ветува с`е и сешто, денеска со новинарите ниту сакаше средба, ниту да даде изјава.


Администратор
24/02/2021 00:54