Герила акција во центарот на Скопје. Доцна вечерва во непосредна близина на улицата Бихачка каде што се наоѓа седиштето на владеачката партија, на подвозникот е поставен натпис „Заев: Со Сашо сум договорен, Мијалков: Го сменив стилот“.

Натписот се однесува на објавената аудио бомба која во јавноста ја пласираше новинарот Зоран Божиновски а на која разговараат Александар Верушевски и Зоран Заев непосредно пред изборите во 2016-та година и промената на власт, како и на видеото од рочиште во судницата во кое Сашо Мијалков пред судот кажува дека не е негов стил проблемите да ги решава со бегање.