Најдобриот светски тенисер и освојувач на Австралија опен Новаќ Ѓоковиќ на осми март ќе стане нов сопственик на рекордот, што сега го држи Швајцарецот Роџер Федерер, според минати недели на врвот на АТП листа.

Српскиот тенисер денеска ја почна својата 309 недела на врвот на светската ранг-листа и од соборување на рекордот на Федерер го делат уште само две недели.

Ѓоковиќ има 2.180 бодови повеќе од вториот светски тенисер Рафаел Надал, додека финалистот на Австралија Опен, Данил Медведев, е трет на најновата АТП ранг-листа со само 115 бодови о=помалку од шпанскиот тенисер.

Најголем скок на АТП листата направи полуфиналистот на грен-слемот во Мелбурн, Русинот Аслан Карацев, кој напредуваше 72 места и во моментов е 42. тенисер во светот.


Администратор
23/02/2021 00:33